Но друго нешто го води олку рано овде: денеска, по летниот распуст, пак се отвора гимназијата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Настапи летниот распуст... Учениците од околните села си отидоа по своите куќи...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Внатре беше мојата фотографија. Снимена еден летен распуст. Имав шеснаесет години. Со плетенки и јагне во прегратката.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во собата имаше еден кревет, уредно наместен со превиткан чаршаф и ќебе, што Александар го потсети на планинското детско летувалиште во кое родителите редовно го испраќаа за време на летниот распуст.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Овој аусвајс гарантираше дека во блискиот Претор на лето ќе добиеш конак во едно соц-реалистичко летувалиште и голем дел од летниот распуст ќе се излежуваш на плажа.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Како да ги избирале најздодевните книги за намерно да нѝ го расипуваат летниот распуст.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Размислувањата ми ги прекина доаѓањето на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таа се беше омажила најрано, букално од школска клупа, место на летен распуст, на трудничко боледување.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
За летниот распуст, ќе го убедиме татко ти да останеш еден месец.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Следното доаѓање на Карл, траеше подолго. Скоро целиот летен распуст.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ова се случи во време на летниот распуст, кога не се оди на училиште и кога е многу здодевно да се седи дома.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„Сега, ти, Марко, ќе ни раскажеш што си прочитал за време на летниот распуст.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Кој е Марко?“ праша наставничката по македонски јазик.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Јас“, скокнав како разбуден од сон.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Колку секавично поминаа деновите од летниот распуст.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не само Берово, ама сите - сите места кај што ќе појдеме“, рече Томе - „еве да имаме предвид и за летниот распуст.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Заедно одеа на скијање за време на полугодишниот распуст, заедно одеа на летување за време на летниот распуст.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)