Не го направивме во твојата соба на креветот со балхадин на кој што ти тогаш спиеше и каде си спиела како дете, ниту пак на задното седиште на ’рѓосаниот Рамблер на татко ми што мирисаше на пушени кленови и колбаси кои што тој на викендите ги разнесуваше од месарницата на чичко ми Винсент.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не го направивме во тукушто искосената летна трева, во купиштата есенски лисја, ниту пак на снегот каде месечевата светлина ни ги отцртуваше сенките.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не го сторивме ни во Бјуик Осумката на мајка ти каде што бројаница се обвиткуваше околу ретровизорот како монистрена црна змија со сребрени канџи во форма на крст.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)