Слободно може да се каже дека либералната демократија е рамна на судбината на човечкиот историски живот токму од оној момент кога таа идеја некому му паднала на ум.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Доцната модерност доведе до пропаст на јавната сфера.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Уметноста во апсолутна смисла, онака како што ја познава либералната демократија, не смее да постои. (...) И дека веќе не може да поднесе никакви експерименти, со тоа Маргина 35 59 со задоволство ќе се согласам.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тоа е историскиот процес на либералната демократија во којшто класата се дислоцира самата себе и не го решава проблемот во рамките на една чувствена одбрамбена реакција, туку го прави непроблематичен во динамиката на својот развој - НАДМИНУВАЊЕ.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На пример, искуствата на жените за нивните сопствени тела и за нивните плодови (родени или неродени) би ја предизвикале крутата дихотомија на внатрешно/надворешно и јавно/приватно на начин кој би провоцирал различни одговори ако не и уште повеќе прашања за проблемите коишто се поврзани со идентитетот, врските помеѓу себството и другите, и оправдувањата на либералната демократија.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Маската на либералната демократија најдобро паѓа кога суштинските економски интереси на капиталот се загрозени!
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Според гледиштето на Хабермас (слично на песимистичките гледишта на Адорно и Хоркхајмер во нивната „Дијалектика на Просветителството“), при преминот од пазарен капитализам и либерална демократија во државен/монополистички капитализам и либерализам на социјалната држава, државата и јавната бирократија сѐ повеќе продираат и во економската и во јавната сфера, а државата и корпорациите ги преземаат виталните функции на јавната сфера, дегенерирајќи во процес на доминација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)