И јас продолжувам, ја објаснувам историјата на Југославија, патем ја објаснувам и својата лична историја, ги извлекувам од правот бабите и дедовците, кои не ме засегаат, но си мислам, можеби за неа, мојот shrink, тоа е важно, на глас се сеќавам на сопственото детство, ништо не пропуштам, ни пионерската марама, ни работните акции, ни Титовата штафета...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Понекогаш ме боцка во пределот на срцето кога ќе видам како народот, биејќи се во градите со својата илјадагодишна историја, така лесно го прифаќа ритуалниот, кичест фалсификат, и со тоа е готов да ги чкртне оние години кои биле негова лична историја, неговиот мал, личен живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)