Арно ама, нарачката треба да се сними комплетно, од почеток до крај, заедно со целото оро, кое ороводачот, личниот шофер, го „танцаше“ и го виеше на широко околу цела сала и, бидејќи три - четирипати некој друг си зафаќаше мало кратко оро, музиката престануваше и, заедно со текстуалната порака читана на глас на микрофон, повторно се снимаше од почеток.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мајка ѝ, нормално, ги слече чевлите и, потскокнувајќи на прсти, ептен ситно го изигра рамното „невестинско“ оро, а татко ѝ, со навежбани потези на позер (како личен шофер на генералниот директор на едно ГП претпријатие), ги ловеше погледите на тие што одоколу плескаа на нивната хармонична точка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потоа, за тоа кој колку пристојно и непристојно играл и кој колку имал слух и две леви нозе, до тоа дали требало или не требало да има нарачки на песна напишана на бел лист со стуткана паричка и пригоден текст, како оваа, специјалнава: „Личниот шофер на генералниот директор на Г.П.Гранит им посакува сè најдобро во бракот на тие и тие со песната ’Слушам кај шумат шумите, буките’“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)