Претпоставувам дека имаше логорски оган, пеење на Криво је море и понекое врзување на јазол. 2.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Најпрво ја дававме претставата „Партизанска ноќ“, имавме живописен амбиент на бината.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Уметниците имаа нацртано борчиња и други дрвја, на средината на бината имаше огниште со големи цепаници, во средината светилки обвиткани со црвена тенка хартија, стававме цигари да чадат, вистински логорски оган.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Навечер, кога сенките на дрвјата ќе се згуснеа, кога зеленилото ќе потемнеше, и проодите низ дрвјата ќе ги затвореше, тогаш логорскиот оган, силејќи се да се крене што повисоко, ги голташе сувите ветки и фрлаше светли снопови растргнувајќи го мракот што понастрана од логорот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Откако кампот беше готов, сите седнаа околу логорскиот оган. Распоредот не беше одреден.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Има во „Историјата на тајните“ еден пасус, за средбата на патрицијот со Кастилјанецот, воинот платеник, кој, крај логорскиот оган, цела ноќ, со очевидно вживување и веселба, му опишуваше како се шетал низ освоениот невернички град, несејќи на високо дигнато копје набодено дете, како во отсјајот на големиот пожар што го голтал неверничкиот храм, принудил три пленички на обилни љубовни услуги, како на заробениот заповедник му го искорнал прво едното, па другото око, а потоа го распорил од гркланот до тестисите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се обидуваме да пееме како војници околу логорскиот оган, а единствените зборови што ги изговараме се чудни.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Добро се сеќавам кога ми го рецитираше Есенин околу логорскиот оган на падините на Олимп, а уште подобро кога бев на твојот грб, кога повредена ме спушташе низ Ниџе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)