Во овој мирен период во повеќето македонски градови функционирала локалната самоуправа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Амандманот XXXIX предвидува надлежност на Уставниот суд да решава по уставна тужба поднесена од физичко или од правно лице, изјавена против поединечен акт или дејствие на државен орган, единица на локалната самоуправа или носител на јавни овластувања со кои му се повредуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот, и тоа: еднаквоста на граѓанинот во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествена положба, правото на живот, забраната за мачење, на нечовечко или понижувачко однесување, на казнување и на присилна работа, правото на слободата на човекот, правото на презумпција на невиност и фер судење, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање на институции за јавно информирање, слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, сигурноста и тајноста на личните податоци, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, правото на собирање и изразување јавен протест, почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот, неповредливоста на домот, како и правото на слободно движење, кога се исцрпени или не се предвидени други домашни редовни правни лекови за нивна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Главата V од овој Закон, која носи наслов „Видови вработувања во јавниот сектор“ не е усогласена со главата II - „Посебни одредби од Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија“. 65 Посебно како прашање се наметнува потребата од прецизирање на „поимите” и утврдување на „дефиниции” за „договор за вработување” и „решение за вработување”.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Главата III насловена како „Класификација на работните места во јавниот сектор“ не е усогласена со Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија, конкретно со чл. 48 каде е уредено дека „со колективните договори на ниво на работодавец ќе се врши групирање на одделни работи, односно работни места во одредени групи на сложеност”.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Како субјекти одговорни за усвојување и спроведување на мерките се јавуваат Собранието на Р. Македонија, Владата на Р. Македонија, органи на државната управа, министерството за труд и социјална политика, народниот правобранител, 84 единиците на локалната самоуправа, политичките партии и средствата за јавно информирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Притоа кај Собранието на Р. Македонија (Комисијата за еднакви можности на жените и мажите), органите на државната управа, министерството за труд и социјална политика и единиците на локалната самоуправа е изречно наведена нивната должност да соработуваат со здруженијата на работодавачите, синдикатот, невладините организации и здруженија активни на полето на еднаквите можности со цел да обезбедат предлози и мерки за постигнување на целта на овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Имено, на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје им се дава можност да се јават како организатори на волонтерска работа (чл. 1, ЗИДЗВ/08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Зголемени се и казните, од 10.000 до 15.000 денари на 1.500 до 2.000 евра (околу 92.000 до 123.000 денари) за оние кои нема да назначат координатор за еднакви можности во органите на локалната самоуправа (чл. 4 и 5, ЗИДЗЕМЖМ). Останатите измени и дополнувања се од техничка природа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дојде до уште едно прецизирање, имено, дека под инвалидно лице што има својство на работодавец, во смисла на овој закон, ќе се подразбира само работодавец во државната администрација, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, агенции и фондови и други државни институции (чл. 1, ЗИДЗВИЛ/јул.05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Односно, ова право го имаат само оние осигуреници кои се работници во работен однос во претприја- тие и друго правно лице кое врши стопанска дејност, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и во домашно и странско фи- зичко и правно лице, како и лицата на служба во постојаниот состав на Армијата на Република Македонија (чл. 14).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Одлуката за откажување на договорот за вработување, односно одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма – со образложение на основот и причината за откажување на договорот за вработување, односно причината за изрекување на паричната казна со правна поука (чл. 85, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одлуката за откажување на договорот за вработување и за изре- кување на парична казна ја донесува работодавачот или од него овластениот работник (чл. 86, ЗРО). 5. Народниот правобранител е орган на РМ кој ги штити ус- тавните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени со акти, дејствија и пропуштања на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања и кој презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на др- жавната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавните установи и служби (чл. 2, ЗНП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога Советот избира судија- поротник во суд кој се наоѓа на подрачје на единица на локална самоуправа каде што 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ (чл. 46, ЗСС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судиите-поротници ги избира и разрешува Судскиот совет на РМ, под услови и во постапка опре- делени со закон (чл. 42, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување 68 преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа – потреба од работник се обезбедува со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (чл. 22, ст.1 и 3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Оваа фондација, чиј патрон е маченикот на Германската ноемвриска револуција д-р Роза Луксембург (Rosa Luxemburg / 1871–1919), жената која беше најважниот претставник на интернационализмот и антимилитаризмот за време на Првата светска војна, има преку 200 партнери од над 50 земји, како и 14 интернационални канцеларии, во речиси сите делови на светот, а нуди сестрана образовна програма на суштински теми: глобализација, социјална правда и еднаквост, родова политика, демократска партиципација, екологија и одржливост, локална самоуправа, антифашизам и антирасизам, современа историја и критика на капитализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога суди во прв степен, сове- тот е составен од еден судија како претседател на советот и двајца 278 судии-поротници (чл. 35, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)