Јас: Имав лош сон. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 50 Разбојник: Робата е веќе истоварена, говедо!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Јас: Ти велам, имав лош сон.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не, тоа е само сон, лош сон.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со исчезнувањето на дејството дрогата може да предизвика лоши соништа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кој немал пари секогаш бил раат, а кој ги има: ништо да не му е, сам ќе дума и лоши соништа ќе сонува.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја кажуваа и прераскажуваа и како приказна слушната во лош сон остана во паметењето на нивните внуци.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ќе останеме со часови заглавени на булеваров, како во лош сон, мафтајќи со рацете и отварајќи ја устата како риби, обидувајќи се да го изложиме сопствениот план за разрешување на кризата во регионот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
„Лоши соништа ти ја затемниле главата. Таква глава не останува долго време на рамењата.“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Те оставив да си поспиеш повеќе, - му рече Глигор. - Не требаше да ме оставиш. - Лош сон?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Често се случува кога ќе се задржи овдека, во гостинската одаја, некое од нив да се разбуди, сонувало лош сон, да дотрча ваму, па побрзува да отвори и - силно се изненадува: нагрнат со веленце, по чорапи и со свеќа во рацете доаѓа Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Море кажи ми како е, што е, велам, се сеќавам на лошите соништа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Докторот пак дојде да го види. Богдан му се пожали дека лошо спие, дека го измачуваат лоши сништа и му побара нешто за смирување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сѐ ми разбуди.. сѐ што беше заспало, и срцето и душата и мене ме разбуди, од лошиот сон кој го сонев.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Беше уморна од лоши соништа и со разголени стаклени очи под кусите клепки додека сето лице покриено со видлива пајажина на влакненца и беше неприродно набелено.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе видите дека било само сон За жал на Бургиба, сепак, ова не беше лош сон, туку реалност со која сепак на крајот се помирил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Доволно силна беше да ја преброди бурата, тој лош сон и повторно да заигра со своите лени крилја.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Лош сон сме сониле... Најаве сме сониле...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Сон ли сме сониле? Ако сме сониле, лош сон сме сониле... ама на Сведен - ВЕЛИГДЕН - не бидувало лоши соништа да се сонуваат...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се будеше среде ноќ. Се стресуваше во сонот. Лоши соништа не ја оставаа да спие...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И Богуле лоши соништа сонуваше. Во писмото што го испрати пишуваше: „Драги тате, пак сонив лош сон.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Понекогаш сонував лоши соништа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Мил ѝ велеше: - Татко велеше: лошите соништа претскажуваат лошо здравје.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Стојан се поослободи и си помисли дека Анѓа ќе го пренесе разговорот на друго нешто, па веднаш ја праша: – Што? – Којзнае дали да ти го кажам. – Зошто да не ми го кажеш? – Да не се навредиш и да не се налутиш. – За мене виде лош сон? – За обајцата...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Другарот Корнулов овој пат молчеше, му ја следеше трагата на Папокот и тоа сѐ до кај Друже Србине кого го најдоа како си ги кубе косите и се удира по образите и се штипе по разголените места, обидувајќи се да се разбуди, чиниш од некој лош сон.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Старецот се појавуваше од вагонот со својот глас, тврдеше дека му е убаво, дека добро се чувствува, велеше Скокам овде внатре и собирам сили за враќање, не е многу високо и многу широко, ама доста ми е, велеше, и потоа го пушташе својот глас во некоја песна за да се охрабрат и оние надвор, да можат да ги издржат студените ноќи и лошите соништа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
И како од лоши сништа го пудиме го пудиме додека навистина не почне да спласнува да се распаѓа и кине додека расплинат не згине на небото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
„Сотри ги лошите соништа накотени под навлакава“ ја насрчуваше раката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Туку, помина како облак, како лош сон...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Па, видоа дека јас нејќам, толку се умни да кренат раце...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Умрен е тој и тој, велеа; не е тој и тој, туку - тој и тој; им ги споменуваа имињата на тие што биле болни, што биле слабички или на тие што им сониле лош сон.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Медот ми помага во сѐ, велеше учителот, ме трезни кога сум опијанет, ме лечи од несоница, ме брани од лоши соништа, од тешко главоболие, од лудило.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мајка ти може да спие, па сонува лоши соништа. Нема крај тоа. Што не ме прашате мене како ми е?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)