Знаев: сите од улицата него го жалат а мене ме колнат и, подлижувајќи ѝ се на печурката, ми претскажуваат лоша судбина - ќе станам разбојник, ќе завршам на бесилка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И никој не знае дека овој нов живот и овие нови поколенија одат и се враќаат по патот на кој легна нашата лоша судбина, нашиот чемер и болка, нашиот плач и солзи, нашето страдање и патила, нашиот крик на ужас и нашата безнадеж.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нема Македонец што барем еднаш во животот не залелекал над лошото писмо, над лошата судбина.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)