И штабот на Force 266 на 4 јуни 1944 година ја известува мисијата Brasenose дека според она што успеале да го дознаат од “прекинатиот сигнал“ од мисијата Conserve “Апостолски е во Северна Грција“ и дека ситуацијата на партизанските единици е многу лоша бидејќи им недостасувало муниција “и Бугарите постојано ги гонат“, а авионите чекале да добијат локација каде да бидат спуштени пратките.144 На 1 јуни 1944 година безуспешно се обиделе да ја преминат реката Вардар северно од Гевгелија поради нападот на германските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)