Тој е сосема луд и изменет, и нека му е добро таму, во Партијата, каде што и се измени и полуде, господин судија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури тогаш сфати колку е осамен во тој прекрасен, луд и неразбирлив град, во кој никогаш веќе нема да биде среќен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
„Нетокму народ. Луди и грди. И гнасни... Од гнасни погнасни“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јана сама рече дека сте луд и дека се кае.“ „Лажеш“, `рзна Отец Симеон и ги извади рацете од џеб. „Тоа таа не го рекла.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во почетокот ги одбиваше секојдневните канонски задолженија и нивната будалеста рутина на утрински, пладневни и вечерни активности, кои требаше да ѝ го исполнат поголемиот дел од денот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)