Но не се работи само за тоа дека машкото геј-чувство се принудува да заземе став на емоционална неавтентичност зашто е сведено на абјектното генеричко подрачје на мелодраматичноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да скратам, геј-мажите ја знаат – односно, барем мора да ја знаеме – цената на високата сериозност, тиранијата на општествените улоги што не можат да си дозволат да ја признаат сопствената изведбеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поради сите тие причини, но особено поради неговата бесрамна изведбеност, изразот на машкото геј-еротско чувство нужно се зафрла во пределот на мелодрамата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите имаат и причина да се отуѓат од погубната нарцисоидност на мажественото чувство за сопствената важност, од неговата театралност што не е избавена со иронија. (Ако побудите за таквото отуѓување не се веќе крајно видливи и разбирливи сами по себе, тогаш големата и многу смртоносна доза на неиронизирана мажествена театралност што светот мора да ја апсорбира од 11 септември 2001 година наваму, и тоа како би го оправдала тоа отуѓено геј-гледиште.) Геј-мажите имаат еднакви причини да ја проѕрат неволевата мелодрама на семејниот живот, сосе нејзиното задолжително преглумување, сосе нејзиното емоционално насилство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)