Кога им се допреа образите во поздравот, тој виде дека мазниот образ на човекот во костумот, светнат од колонска вода, го сече долга лузна, сѐ уште по малку црвена.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со изненадениот поглед немо ја прашува што ѝ е, а таа со едната рака ја брише солзата што ѝ се лизга по мазниот образ и насмевната одмавнува со главата давајќи му на знаење дека е добро.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не можеше ни да замисли дека овој човек со мазни образи, чисти раце, потстрижена коса, одмерен глас, може да потекнува од село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Девојката од пред малку донесе чаши и ги остави на масата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја крева нејзината дланка до усните и ја бакнува, а таа го гледа, стаписана, со црните очи од кои не престануваа да извираат солзи, додека брадата ѝ трепери од возбуда.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Левиот мазен образ одвреме-навреме му се грчеше; изгледаше дека безуслешно се обидува да се насмее. Очигледно го жалеше старецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Раката сигурно го почувствува капењето на нејзините тешки солзи, милувањето на мекиот и мазен образ што ги галеше влакната на неговиот зглоб.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Не нѐ сметаш за свои?” - промрмори конечно. „Немој да ми отежнуваш”, рече Рашела и една солза ѝ се стркала по тркалезниот, мазен образ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)