Само средиштето, централниот простор Македонија, тонеше во една црна дупка, како заборавена од развојот, иако знаеше да биде развиена уште во пред нашата ера, во ерата на македонското време.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А громот го навестил преодот на светот во ерата на Македонија: Подем за македонското време!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Да не запира пред стравот, ниту пред заплашувањата од посилните ако воопшто некаде ги има во ерата на македонското време.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Откако го знаеше Баге, тој - постар од него за некоја година - работеше во радиото, дали во студиото или на предавателот, како техничар: и во српско, и во бугарско, и сега во македонско време.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По едно од тие преданија, а тоа укажува на предвизантиските, на римските, па можеби дури и на античките македонски времиња, Градиште бил убав, утврден град.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)