Истата година истакнати македонски интелектуалци и антифашисти го поднесоа Приговорот кон Манифестот во однос на делот кој се однесуваше на пројуголсовенската иднина на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие иднината на Македонија ја гледале во самостојна, независна и обединета Македонија или во Балканска федерација.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)