Тие, пак, во слава на Перета Тошев, прилепчнаец и член на Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација, кого заедно со сета македонска историја си го имаат за свој, на станицата ѝ го дадоа неговото име - Пере Тошев.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нема сомнение дека, и покрај сите заслуги и значењето што го има во македонската историја, оваа организација имаше и свои слабости, за кои не од денешно, туку од тогашно гледиште, прв и најаргументирано проговори токму К.П. Мисирков.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
124. Охриѓанецот Маргарит Димица (1824-1903) е еден од истакнатите приврзаници на грчката националистичка пропаганда во Македонија, а во своето научно дело, како универзитетски професор во Атина, се определува исто така само за старата македонска историја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не случајно: Никола Кирков е едно од нашите најопитни новинарски пера, цели четири децении буден и дежурен толкувач на најдинамичниот период низ кој минува македонската историја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе се обидам да ја прелистам книгата на долгата македонска историја, како некој повесник и историјата на моите и нашите предци, лист по лист, за да и го истресам правот, па да не остане ништо заглавено, како кочница за нашиот развој! ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од друга страна на интелектуално апологетски нивоа, нашата, македонска историја на уметност (особено на новиот век - од ренесанса до денес) е толку сиромашна,особено во оние неколку векови во кои е профилирана европската цивилизација (периодите на ренесанса, барок, класицизам и реализам) што помислив - би требало нешто од тие празнини и да се пополни.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Оној кобен октомври пред седум години, тој зборуваше дека денот кога договорот со Грција е ратификуван е еден од најсрамните денови во македонската историја.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Просто изгледа како македонската историја да е испишана само од човекови неправди. Но, судбината не е за сите иста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Му ветив дека насобраниот народ ќе вика Тито-Лазо, и тој сиот радосен се согласи да подготви драматургија за овој, би рекол најзначаен настан во повоената македонска историја.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Македонски истории. Еден ред, два реда, кубици оружје.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нем сведок за таа легенда е ГРОБОТ НА СТРУМА.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
ГРОБОТ НА СТРУМА Богата и крвава е нашата македонска историја.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тврдината влевала сигурност, а нејзината местоположба нудела прекрасни видици од кои се одмарале очите и душата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во македонската историја, драги мој, има само... предатели... досега барем.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сигурен сум дека дури и не помислувал дека врховниот циник, македонската историја, тоа писмо ќе ми го предаде мене в раце.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)