Надвор има некаква врева! – одговори еден од четата македонски комити.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа така убаво го извршивме што може да ни позавиди и најдобриот воен инженер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Нека чуе и знае Европа дека македонските комити не спијат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Треба да се забележи дека сите тие владини “контрашајки“, полиција, разни стражари и војска, коишто имале за цел да го спречат преминувањето на турско-бугарската граница од страна на македонските комити (за да се зачуваат добрососедските односи со Турција), не важело и за врховистите што токму во времето на Данев масовно ја преминувале границата во есента 1902 година и го дигнале познатото “Горноџумајско востание“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)