Притоа, не мислеше само на нивната, само на Јанческата крв, туку на крвта на сите жители на Потковицата, на сета македонска крв.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, – дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Историјата на македонското движење ни открива дека секој бугарски управник со задоволство би каснал малку македонско месо и би пивнал малку македонска крв...; дека македонското дело за нив (бугарските управници - б.м.) не е друго освен средство за владеење“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
А кога жителите на Потковицата гледајќи во враќањето на Видана можност колку-толку да ги окајат своите гревови направени спрема мајка му и спрема сиот сој Јанчески, оставија на него, тој да реши што ќе направи со Видана, Крсте, уште и пред Акиноските да го донесат Видана, му соѕида куќа во Јасики, а кога Акиноските, во пролетта 1939-та го донесоа Видана, му издвои една крава, десетина овци, нива и ливада од своите и им нареди на жените тие да се грижат за Видановото домаќинство; да го перат Видана, да му готват и да му го вратат домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)