македонски (прид.) - патриотизам (имн.)

Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа тој го потврдува и со својата опсервација дека ако се одржи слободен и фер плебисцит, тој би резултирал со формирање на „слободна Македонија“, а со тоа би се анулирале „грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите опсервации, непостоењето на една независна македонска држава не било резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку “една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)