македонски (прид.) - песна (имн.)

Поетската дружба заврши онака како што и почна, со инструменталните звуци на една стара македонска песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А, се сеќавам дека престиж беше да имаш ноже специјално за правење форми од дуњата на Џорџе Балашевиќ, од „строубери“ од „Д Битлс“, од тиква од една за мене грда македонска песна, па да ги свариш во компот и задолжително да поделиш по комшиките зашто која е финтата ако теглите ги наредиш во визба во која само ти влегуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа му беше омилена на газда Таки кој знаеше многу македонски песни и со големо задоволство и чувство пееше во вакви прилики.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Е, во нив Саше ужива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нему му е важно да се најаде, да се напие и да си се занимава со негови работи што му прават задоволство, а тоа се ѕвездите на народната музика, ама не на оние здодевни стари македонски песни, туку на неговите, што ги нарекуваат турбофолк музика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Испеав две македонски песни и сега ќе пеам една шпанска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнавме да пееме македонски песни, да играме македонски ора, да рецитираме македонска поезија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка Евгенија често ни раскажуваше приказни, не тераше да пееме наши, македонски песни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се гордеат и со спомените што ги остави селското културно-уметничко друштво кое со своите многубројни настапи низ цела Албанија и учеството на разни фестивали во земјата ја ширеше македонската песна и оро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ДАВИД И ГОЛИЈАТ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сркачите на кафе на плоштадот во Сиена задолжително фрлаат поглед кон фонте Бранда – со едното око ги гледале историските папско-царски и богаташки промендани, а со другото око, ептен ококорено, ја пулеле сегашноста низ белите гради на сиенските моми кои се враќале од вода со раскопчани елеци, баш како во старите македонски песни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сега кафето што се служи на плоштадот во Сиена е без талог, па јасновидците со други алатки го распретуваат развратот од минатото, а на идните поколенија уште во времето на асолното кафе и онака им беше проречена рамнодушноста.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Филистејците се како дечињата во шегобијната македонска песна: сите клечат, сал едно кака.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не, овој балкон на најдобрата цвеќарка ќе остане истиот да цвета, да пее од убост, да се кити, со прастари Македонски песни, приказни, преданија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Веселоста крај си нема... Македонски песни се извиваат низ воздухот...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)