Овој рок беше дополнително намален со рогацијата од февруари 2014 година и тој сега изнесува 5 дена (чл. 1 од ЗИДЗВРС/фев.14), што за македонски прилики може да се констатира дека е „експресно постапување“; б) беше додадена нова, процедурална одредба – чл. 9-а, кој предвиде дека доколку АВРМ не донесе решение во рокот наведен во погорниот текст, подносителот има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на Агенцијата, заради донесување на решение од страна на директорот на АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Технолошки вишок Со носењето на законите за работни односи и нивните перманентни рогации со полно право може да се констатира дека најдрастични, 38 и, се чини, најмалициозни и систематски, скратувања на правата на работниците имаше кај оние кои, по сила на околностите, останаа „технолошки вишок“ – при што треба да се истакне дека станува збор за доста важно прашање, особено за македонски прилики.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ЕСЧП, во точката 52 од својата мериторна одлука, луцидно го појаснува ова право и вели: Овој Суд смета дека е [наполно] бесмислено Конвенцијата да регулира како [да] тече постапката за таа да биде правична, брза и сл. – доколку, претходно, не го обезбеди круцијалното [човеково] право на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5 Но, ако се има на ум дека барањата на македонските пауперизи- рани работници од средната и ниска класа [пролетери/надничари/ платеници/аргати] очигледно, не го привлекуваат вниманието на правниците во поголем број – прилично површното трети- рање на овој, закоравен и дехуманизиран, правен сегмент и не е нешто толку необично, што би требало посебно да нè зачудува, барем во македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
7. Со носењето на законите за работни односи и нивните перманентни рогации во време на транзицијата, со полно право може да се констатира дека најдрастични и, се чини, најмалициозни и систематски, скратувања на правата на работниците имаше кај оние кои, по сила на околностите, останаа „технолошки вишок“ (целиот законски назив кај овие непопуларни, колективни и масовни отпуштања од работа е отказ од деловни причини заради технолошки, економски, организациони и/или слични промени поради кои престанува потребата од вршење на определена работа) – при што треба да се истакне дека станува збор за доста важно прашање, особено за македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А работниците од пониските класи реално, немаат ниту средства, а ниту волја и знаење да се обратат за правно мислење до итрите правни со- ветници, консултанти или адвокати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Затоа, маргинализираните пролетери - надничари од сиромашните гета, најчесто, и немаат место во правните судски пресуди, и покрај нивната нумеричка супериорност во стварноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За потребата од воскреснување на правниот реализам во македонски прилики Nulli vendemus, nulli negabimus, aut differemus rectum vel iustitiam.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако мислевме дека оваа операција ќе оди мошне брзо, излезе токму спротивното – дека барањето работници кои се спремни отворено да проговорат за своите маки, барем во македонски прилики, е прилично комплицирана работа, главно поради присутниот страв на работниците „да не им се случи нешто“ во иднина, нив или на нивните најблиски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот мора, во писмена форма, да го извести работникот за временото прераспоре- дување на работното време најмалку еден ден пред тоа, а одредбата за „забрана на работа преку полното работно време“ важи, исто така, и во случај на нееднакво распоредување или прераспоредување на работното време (чл. 123, ст.2 и ст. 6 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време (чл. 259, ст.1, ал.3 од ЗРО). 6. Според ЗРО работодавачот е должен на работникот да му ги надомести и трошоците поврзани со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)