македонски (прид.) - револуционер (имн.)

Формирањето на МРО и самостојното делување на македонските револуционери било неприфатливо за политиката на соседните држави поради што се обидувале на секој начин да го наметнат своето влијание во македонското национално револуционерно движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Напоредно со ВМРО (Обединета), македонските револуционери кои ја имаа прифатено комунистичката идеологија, се бореа за своите национални права и слободи, условно до обединување, исклучиво во рамките на комунистичките партии на Бугарија, Грција и Кралството на СХС, подоцна Кралство Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Освен во македонските емигрантски организации во Бугарија, Македонците во периодот меѓу двете светски војни, политички активно дејствуваа, со многу мали исклучоци, само преку ВМРО-автономистичка, ВМРО (Обединета) и комунистичката партија на Бугарија, Грција и Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За таа цел во Софија во 1895 бил создаден Врховен комитет од македонски емигранти и печалбари во Бугарија кои биле под силно политичко влијание на бугарскиот двор.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Идентична цел имало и т.н. Горноџумајско востание т.е. провокација од септември 1902 кое било инсценирано од бугарската влада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нивна единствена задача и цел била да се инфилтрираат меѓу македонските револуционери и да го оневозможат нивното самостојно работење во зацртаниот правец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По 9 септември 1944 год. во македонската бригада „Гоце Делчев“ во Софија раководел со АГИТПРОП, а придонесол и за формирање на македонски радио-час во емисиите на Радио-Софија, во кој го читал и Манифестот на АСНОМ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Им помагал на нашите затворени и интернирани борци, а се поврзал и со старите македонски револуционери од илинденскита епопеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
106. Дека оваа анализа на Востанието е правдива, дека Мисирков не можел да биде противник на ТМОРО, туку само поборник за една поизјаснета нејзина национална програма, покажува и фактот што тој и во Софија основува Македонско научно-литературно другарство (1903), чии членови станаа и некои истакнати македонски револуционери.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со сигурност знам дека кон македонските националисти се придружија и македонските револуционери Димитар Мирасчиев, војводата, и четникот Јордан Ангелов.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Една од најпознатите драми на Коле Чашуле е Црнила и во неа станува збор за убиството на познатиот македонски револуционер Ѓорче Петров, дедо на Коле Чашуле.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Некои од нив, кои не можеа да ја прифатат реалноста, завршија по островите, затворите и во излолација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со Второто заседание на АСНОМ завршила фазата кога еден дел од македонските политички и воени раководители се надевале дека ќе се реализира идеалот на голем број македонски револуционери за обединета, самостојна и независна македонска држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако претходно се пишувало и се претпоставувало дека “нешто“ се подготвува во Солун и во други градови на Македонија, сепак не се очекувало дека гневот на македонските револуционери ќе се насочи кон динамитни акции директно против европските интереси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Власите ја зголемиле будноста, но, благодарејќи, покрај другото, и на нивниот карактеристичен јавашлак и на зачудувачки несфатливиот потценувачки однос кон македонските револуционери, не им дале поголема верба на тие гласови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Правило било за македонските револуционери од тој период ништо да не признават пред турските судови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Голем е бројот на македонски револуционери од постарата и најновата историја коишто без размислување си го одземале својот живот заради тоа што биле ставени пред единствената алтернатива - смрт или во рацете на непријателот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите биле рожба на македонските услови и нивното дело било дело на македонски револуционери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ана работела како собарка во познатиот хотел во Софија “Батемберг“, Во кој редовно одседнувал Гоце Делчев кога престојувал во Софија и во кој навратувале голем број македонски револуционери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уште пофрапантна неспособност Хамидовата полиција покажала подоцна, кога низ сите страни се ширеле гласови, а некои европски весници ја објавиле веста, дека македонските револуционери подготвувале напади врз разни значајни установи во Солун и во други градови во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За големо задоволство на младите македонски револуционери, берберницата за една недела почнала да работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Македонските револуционери на чело со Делчев и Ѓорче Петров нивното доаѓање со радост го пречекале надевајќи се дека тие ќе придонесат за засилување на антиврховистичкиот фронт во Македонија и Бугарија. Но, горчливо се разочарале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Судските власти, се разбира, немале сметка јасно да ги изнесат причините што ги натерале македонските револуционери да го извршат тоа опасно дело и со зачудувачка смелост да го положат својот млад живот по солунските улици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неспособноста на полицијата да излезе накрај со македонските револуционери била очевидна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со вработувањето на „Грк“ во берберницата, на турската полиција ѝ се одземал поводот да се посомнева дека дуќанчето би можело да се ползува за потребите на македонските револуционери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По пресудата донесена од Вонредниот суд, Шатев започнал да води дневник и, врз основа на него, на 250 страници, дава потресна слика за животот на осудените гемиџии и на педесетина други македонски револуционери испратени на заточение во Фезан-Сахара.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)