Српските воспитаници што работеа под бугарска фирма ја создадоа и ја поткрепија македонската револуција; на нив се должи и политичкиот сепаратизам.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе ѝ бидеме верни на Тајната внатрешна македонска револуција, верно ќе ѝ служиме и никој од нас нема да биде шпион и предавник.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На крајот, за гледиштето на оваа револуционерна група кон македонската револуција, кон ослободувањето на Македонија и улогата на големите сили кон овие проблеми може доста автентично да се запознаеме од едно писмо испратено од Женева со датум 18 јули 1898 година од Петар Манџуков до К.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Напладнето се врати од училиштето и внучето на дедо Петрета, Дончо.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Со други зборови речено, ако се исклучат внатрешните услови што сѐ уште не биле зрели за едно општо востание, надворешните услови, што исто така биле многу важни за успехот на македонската револуција, биле крајно неповолни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)