Расказот „Последниот македонски ректор“ (Маргина 32-33) е преземен од збирката Фрески и гротески.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Отец Лаврентиј трча со солзи во очите и се смее, скока од радост, ја тегне камбаната и ѕвони пред утрински дожд.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И словата на блажен отец Лаврентиј се тука; ги исполнуваат празните страници на новите книги онака како што си биле сочинети, како ништо да не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И во следниот момент, вистинска поплава од познати букви го затрупува видикот: манастирот е поплавен од убави слова, што еве, влегуваат во празните книги и се враќаат на свои места, како што си стоеле запишани од раката на последниот македонски ректор.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Полуде од жал по исчезнатото житие што го беше составил со големо благоутробие за учителот, последниот македонски ректор Климент Охридски, кој ги затвори убавите очи едно топло попладне, 916 година.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Потем отец Ангелариј го изведуваше од храмот и го смируваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Влегуваше на сред богослужение во храмот и почнуваше да мавта со рацете во воздух, како да лови муви. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 124
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)