Без многу претерување може да се рече дека повеќемина Французи веруваат дека знаат доста за Македонија поради единствениот факт што една од нивните салати го носи нејзиното име, и оваа, македонска салата, великодушно ја пренесуваат преку нивните граници за да се прошири нејзиното значење дури до Јадранското и Црното Море.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Дамите со пудлици скришно гнетат кромид, патлиџани и печени пиперки и тоа го нарекуваат македонска салата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Нормално е медиумите да ја пренесуваат ексрлозивната ситуација во регионот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)