За него се знае дека бил прилепчанец и дека ги предводел зилотите против исихистите, против исусовиците на Григорие Палама, на него упатува и името на стопаните на Имотот, Акиноци, за кое може да се претпостави дека откако се ослободило од грцизираната форма - Акиндин, по пат на скратување и со испаѓање на интервикалното в - за кое, пак, денешнава македонска јазична наука смета дека било наложено од бугарските, односно од српските презимиња: Акин-ДОВ, Акин-НОВИЌ, ја добило денешнава чисто македонска форма Акин-ОСКИ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но сѐ друго, како она дека бил оженет со некоја Митра, дека ги предводел побунетите славјански селани против византиските и солунските господари, и дека токму тој, односно, ја основал населбата во Потковицата и бил првородственик на Акиноските, си противречи со сѐ што досега знае историјата за Григорие Акиндин: „...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)