Во Македонија пред АСНОМ во употреба беше српската и бугарската кирилица, за по заседанието и по оформувањето на македонскиот како литературен јазик да се воведе типично македонско кирилично писмо, кое е прилагодено за одразување на фонетските вредности на македонскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Караџиќ, кој вметнува дополнителни букви во системот на дотогашната српска азбука, имено, ‘Ћ’ и ‘Ђ’ за токму српските фонеми, со што се дооформи српската кирилица.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зборот зандана од персискиот збор zendan поминал како zindan во турскиот јазик, а потоа се проширил во другите балкански јазици, во албанскиот како zindan, во бугарскиот како зандан, во ароманскиот како zindane, во македонскиот како зандана.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)