Тоа го правеше по системот дај-дам или на ти го – дај ми го, создавајќи колекција од ливчиња, од привезоци, од мали бравури од тенеќе, од разни други предмети, дури и колекции од пудри, шминки, лосиони, помади, спрејови за уста и за под мишки, убаво спаковани со декларации на разни јазици со кои се гарантираше успешната размена на добра на меѓународен план.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)