Ако не беше малата верверица штотуку излезена од распукнатиот плод или од сребрената корупка на муграта; Ако не беше нејзиниот лесен од по одвај разголената земја и мигот на сепнатост при нашата средба додека ме откриваше како страотно чудовиште качено на високи нозе наеднаш и самото изненадено од нејзиниот страв;
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ако не беше април кога пролетта одново ги поттикнува сите наши сочувства и нежности; Ако не беше наоколу сè растурено како некогаш монистата од украсите на мајка ми можеби немаше да застанам на шумската патека и немаше да видам како споменот се качува по расцутените гранки по кои толку ненадејно отрча малата верверица.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)