Но маските се маски: на едната од нив ни око не ѝ трепнуваше дека некој ѝ напишал вакви возвишени зборови, туку како бесна замавнуваше со главата и бегаше од рацете на едно мало војниче што како џуџе немоќно се врткаше околу неа, влечејки ја за оглавот кон чешмата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)