Навлеговме низ тесните калдрмисани улички, во кои се потпираа, едно врз друго, накривени дуќанчиња со мали вратнички и пенџериња.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога Крсте излезе низ малата вратничка, а Нешка се наведе да се појави да види дали некој не ќе го види оти од нив излегува, овој ја исползува нејзината положба, ги бакна своите четири прсти на десната рака и ѝ ги залепи на левиот образ.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На сите страни се отвораа малите вратничиња, се тргаа заварниците од тешките, големи порти и се креваа пенџерињата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)