Така си разговараат мојата глава и моето тело, а јас седам сам тука крај зелената маса и желнеам по нешто, сакам да сторам нешто што е возможно, но нешто сум збунет, ми недостига една мала досетка со чија помош веднаш пак ќе се најдам меѓу живите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)