А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но, љубовникот, ако се приближи, може да биди дека од закрилата на тешкото актерство тело ѕирка главичка со зашилени уши на една чивава што се обидува да лае.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Веќе сум ви рекла што најмногу ме фрапира во Времето на козите: тоа е речиси тоталното отсуство на конкретни репери: нема дати, само со неколку мали исклучоци, не се спомнуваат места, ниту ликовите имаат свои имиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Воглавно, таква беше положбата во која се најде македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во европски рамки тој судир, со мали исклучоци, се одвивал меѓу Велика Британија, Австрија, Австро-Унгарија, Германија, Русија, Франција, а во средината на XX век започнува постепеното инволвирање на САД (САД).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Освен во македонските емигрантски организации во Бугарија, Македонците во периодот меѓу двете светски војни, политички активно дејствуваа, со многу мали исклучоци, само преку ВМРО-автономистичка, ВМРО (Обединета) и комунистичката партија на Бугарија, Грција и Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)