Црните чевли на доктор Станеф, што му стигаа до глуждовите, избегнуваа да стапнат на чкрапливите дрвени штици во неговата стара канцеларија, и тој сега со својата бела шилеста брада личеше на ”бегалец”, или како некоја намусена мачка, која со своето семејство се преселила во удобна стара фармерска куќа, во тесна мала колиба или во мало станче во предградието.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Низ сиот тој простор Милан имаше изградено мали базенчиња од тули и цемент, куќички за птиците како мали колипки обоени со зелена и бела боја, хранилки за птиците, како минијатурни закачалки што висеа на гранките од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На горниот дел од ораницата имаа мала колиба од слама, колку да може да се преспие во неа, имаа и стреа, потпрена врз стеблото на столетната бука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)