Напреднаа истражувањата на големиот мозок којшто ги контролира свесните активности, но и малиот мозок, којшто го контролира несвесното, е исто толку сложен и релативно неистражен.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Доктор Миха никаде и никогаш ја немаше учено таа наука, но ако не во големиот, барем во малиот мозок му останала уката уште што му ја предеше фурката во потсвеста - преѓа од татковска вина и пајажина од грижа на совеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа почувствував страотна болка во тилот, во пределот кај што ми беше малиот мозок, и се изгубив.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во текот на изминатите столетија нагласката беше врз нашиот свесен систем за обработка на податоци - рационалноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)