Од грижа за моралното и менталното здравје на децата, уште од мали нозе ги воспитуваа, поточно ги заплашуваа, да не убиваат птици: Ќе ти умре мајка, некој од најмилата рода, ќе онемееш, ќе ослепиш, ќе ги се фатат рацете и нозете ако убиеш птица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги ловеа и ги убиваа, и тоа само во врска со божиќните празници, врапците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со внимателно подготвување од мали нозе, со игри и со ладна вода, со глупостите со кои беа хранети во училиштето и во Шпионите и во Младинската лига, со предавањата, парадите, песните, слоганите и херојската музика, природните чувства им беа искоренети.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Иако од мали нозе го подготвуваше да биде освојувач на небесните синила, се чини дека пресудна за идното професионално занимање на овој млад човек беше секогаш тивката и одмерена Снежана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа пак од мали нозе со детенцето Виктор ја играше играта пациент и доктор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На тремот одекнаа чекори на некои мали нозе и вирџиниски акцент кој велеше, „Капучи, ти бескорисно копиле.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Многу ги почитувам Америве што си ги учат децата на упорност од мали нозе.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Страста кон пишувањето ја пројавува уште од мали нозе во своите споменарки и детски песнички, меѓутоа, официјално и посериозно својата писателска кариера ја започнува во 2005 година на свои дваесет години кога го напиша својот прв роман со наслов „Читај ми ги мислите“ кој го објавува неколку години подоцна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Уште од мали нозе ги учат луѓето дека надвор од кругот е неминовниот пад.....
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сѐ било вода во која живеел еден вид животинки: полноглавци со мали нозе и со жабри.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го чистиш снегот и пред нејзината куќа зашто така си васпитан од мали ноги.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
На пример, како онаа, дека децата од мали нозе треба да се оспособуваат да помагаат низ куќа, да си ја средуваат сами собата, облеките, играчките.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ервехе, персиски збор за цвет или Цвета всушност претставува личност, којашто уште од мали нозе означува расцут на средината во која се пројавува, во роднокрајното бекташко гратче Лесковик, на границата меѓу Грција и Албанија, во подалечниот Солун кадешто е дадена кај француските лазаристи на школување, во градот Подградец, на брегот од Охридското Езеро, кадешто е омажена и во Струга Скопје, кадешто е доселена.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)