мал (прид.) - оаза (имн.)

Големите мисионери успеваа да изделат мали оази на надежта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со вечерниот мрак се враќа и мирот во нашата мала оаза.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Баш бев среќна што никој немаше допир до таа моја мала оаза.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Најлесно ги купуваше оние парчиња што остануваа осамени некаде во средината на брегот како мали оази, пусти островчиња заградени наоколу сè со имотот на Профим, кој не им даваше пат, не им дозволуваше да газат преку неговиот имот; таквото заробување им го правеше на оние сопственици кои за инает не сакаа да му го продадат својот имотец што Профим, купувајќи ги другите соседни парчиња околу него, му ја стегаше јамката на тоа делче од брегот, и кога сопственикот ќе се најдеше како опашан со змија - ќе попуштеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сестрите од св. Пол Венсан ја беа пресадиле Прованса на нејзините со­ништа во оваа мала оаза на балканскиот медитерански брег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)