Синовите виделе судни маки додека стасале во далната Америка, минувајќи низ емигрантското чистилиште, на малиот остров, недалеку од Статуата на слободата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Нешто подоцна ја виде витата фигура со капа на православен великодостојник чија пана оддалеку се забележуваше, слободно развејувајќи се како голем свештен барјак преку оградата на бродот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)