Крајно внимателно, динамитот во мали пакетчиња, гемиџиите првин му го предавале лично на Милан, но, гледајќи дека тоа е опасно, го ставале на определено место во тоалетот на вагонот, а Милан го прибирал во погодно време, по тргнувањето на возот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Од малите пакетчиња динамит Шатев направил еден пакет, го подготвил за експлозија, го завиткал убаво и излегол од кабината да бара адекватно место.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Сето тоа е од храната на Внатрешната партија. Не постои ништо што тие свињи го немаат, ама баш ништо. Но келнерите, служителите и луѓето, се разбира, крадат и... види, имам и мало пакетче чај.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не мора сосема да го отвараме, само крајче, да видам што ќилим ќе е тоа да може да се свитка во толку мало пакетче, а башка што најмногу ме интересира, што им текнало дури од Индија да носат килим, кога мајка ми и овде одбива да купи оти најмногу сака подот да ѝ е гол за да има што поширок простор во собата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)