Малата палата на педесетина метри од морето и недалеку од големата претседателската палата беше еден од можните крстопати на блиско-источните лавиринти каде што запираше историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На свечените вечери по повод државни посети на странски владетели, посебно на арапските, беа повикувани и претставници од дипломатскиот кор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во вилата Магребија на десетина чекори спроти резиденцијата на југословенскиот амбасадор, која некогаш беше мала палата на последниот туниски беј, гувернер за време на француската колонијална власт, требаше да започнат тајните разговори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXX Животот сакаше, судбината помагаше во моите дипломатски години да го споделам, на извесен начин, во замислената стратегија на Хенри Кисинџер, првиот чекор кон мирот во решавањето на палестинско-израелскиот судир, кој требаше да биде означен со првите палестинско-американски разговори во претседателската вила Магребија, во срцето на Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)