Зема карамела, се навалува на седиштето, замижува, тоне, и си се чини самата во зајденоста како некоја мала птица што лета, лета, ѝ се уморуваат крилата, ѝ се уморуваат рамената, и негде пак ќе треба да се спушти за починка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Овие мала птици постапуваа како поголеми браќа кон малите колибрија, јадеа заедно со нив и не ги туркаа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа беше мала птичка, една од групата птици што Кети ги хранеше преку зимата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Стоиме зачудени пред тоа нараснување на збунетоста јас и малата птица со црвен клун и тенка темна линија од вратот до црниот опаш.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Докторот Грличков ги креваше рамињата, како крилата оние мали птици од гнездата, додека се подучуваат да полетаат: „Не знам, навистина не знам, госпоѓо, како можеше самиот да си стори толкаво зло!“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Е, а јас знам, докторе“, се истрчав а без да знам зошто, иако ништо не знаев.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Вие може да верувате дека знаете, но јас тврдам дека и мојот професор од Виена ќе ви го речеше ова што ви го велам јас.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)