Патролите се движеле низ градот една по друга на мали растојанија, се внимавало на џамиите од каде што обично ги почнувале своите злосторства муслиманските фанатици и друго.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Толе и другите го слушнаа неговиот пригушен глас — скоро шепот — „Али, Муто, ѓел, ѓел, чабук, ич бише јок (Алија, Муто, ајде, ајде бргу, ништо нема) Тие што беа поназад се исправија слободно и тргнаа со мало растојание, едниот понапред другиот поназад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури видов и змија. Од многу мало растојание.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Се потпира на обајцата и ни го зафаќа она мало растојание меѓу нас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
1. Пиштолот служи за водење борбени дејства на мало растојание. Домет: 800 до 1000 метри. Успешно дејство до 50 метри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Камион зад камион, на сосема мало растојание и со зголемена брзина се обидувавме да го прегазиме патот, но најчесто не ни успеваше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На мало растојание од мостето се наоѓаше старата селска воденица изградена од камења со нијанси на сивкаста боја.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)