Илона ја пречека Деница на главната врата од зградата и се договорија да седнат под чадорот на малиот ресторан што беше на десната страна од влезот во дворот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И колку поблиску сме до позарот, толку почесто го слушаме македонскиот говор и изненадени сме затоа што леринскиот пазар многу личи на битолскиот, а и кафеаните и кафулињата и малите ресторанчиња личат на битолските, но со таа разлика што во Битола се зборува гласно, а тука, во Лерин, тивко и внимателно и само во свое друштво.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дворот на Прифатниот центар беше голем, имаше три нивоа изделени со потпорни ѕидови: на првото ниво беше главниот влез со објектот за сместување на жените и малиот ресторан, на второто ниво на двете страни, под високите ореви се наоѓаа приземни лимени магацини, а на третото ниво, на самиот врв од заградениот простор со талпи, на работ каде што започнуваше боровата шума, беше поставена мала барака, позната како осматрачница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И јас тоа го направив, измислив место, ја примив да го води малиот ресторан во дворот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)