Решивме да поканиме најинтимен круг пријатели, да уредиме мала свеченост. Приготвувањето започна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На малата свеченост која му се приредуваше на Климент Камилски дојдоа неколку поранешни шпански борци од некогашниот одред шпански доброволци Диран од Франција кои се бореле со македонскиот доброволец.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе направиме мала свеченост само со најблиските пријатели.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој, откако се поздрави со присутните на оваа неочекувана мала свеченост и ја искажа својата голема среќа што се наоѓа најпосле на ова место, потем со бегол поглед ја опфати целата книжарница, ги погледна книгите во високите сталажи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Архивот се организираше мала свеченост, во чест на Татко.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се сетив, ете баш во тој миг, масичето ме потсети, задржано од старата кооперација, можеби за да го избегнам барем во моментот неудопството, се сетив на онаа мала свеченост пред повеќе години, во времето на големата инфлација, кога парите добија многу нули.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)