Малите срца ни ги полнеа со гнасотии.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И како дулците дурлеа и цедеа, така мене ми лекнуваше, низ раката до рамењата, од рамењата до градите, до душата под лажичката, до малото срце под ребрата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кети ми раскажа една приказна од Стариот крај, за еден славеј, кој бил многу вљубен во својата сопствена песна, и тој пеел со толку силна желба така што неговото мало срце препукнало од песната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Додека лежевме под ќебето го слушнав нејзиното мало срце како чука во близина на моето, а моето се беше „преместило“ во грлото, и биеше како споулавено.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)