Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Стоеја така со часови покрај самиот брег на жешкото сонце, исправени или седнати на мали столчиња, распоредени на пристојно растојание еден од друг за да не си пречат во ловењето риба.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога го виде на малото столче до своето легло кошничето, Елена извика: - Леле, јаготки! Од каде, тато?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Крај ѕидот на куќата се неколку мали столчиња и тиа двајцата се сместија на нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)