мал (прид.) - суштество (имн.)

Нема многу опции за малите суштества кои се обидуваат да си го најдат патот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Мислам всушност на оној момент кога тоа мало суштество, стрвно, иако со болка, го проголтува првиот бран воздух.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова мало суштество што до пред десетина минути не постоеше, му ги одвлече мислите од секојдневноста, го вовлече во оној чуден, магловит свет на слики и претстави што можат да се создадат само во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Застанав пред еден поголем споменик, јас го нареков така, зашто знаев дека во земјата е закопано мало суштество.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иследникот го крена погледот од хартиите и нешто промрмори а потоа се насмевна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Низ глава ѝ мина помислата дека змиите поседуваат подмолна моќ да маѓепсуваат зајаци, пругасти верверици и други мали суштества, и дека можат да хипнотизираат дури и птици, и да ги натераат сами да им влетаат во отворените усти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, малото суштество требаше сега да се внесе дома, да му се смлачи млекце, ако досега само цицало.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мало суштество ко гризната маслинка го погребав под иконата на менталната фантазија... налик на кристален обрач, навидум недопирлив и далечен но кревок и кршлив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во овие мали суштества се чинеше како да имаа помалку живот од самото ехо на животот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)