Но во периодот на ИНФОРМБИРОТО, кога, како што се говореше меѓу народот Тито се скарал со Сталин и во земјата настапи вистински инквизициски лов на фанатичните приврзаници на СССР, но и прости грешници, кои не можеа да се ослободат од дотогаш создаваниот култ кон советскиот генералисимус и малиот татко на народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Flagellum Dei, Јас, Атила, Малиот татко на Хуните, дојдов да ги растресам сите народи, да ги бичувам сите земји и сите мориња и брегови, да ги спепелам сите градови, да ги разурнам сите мостови, да ги уништам сите семиња и плодови, да ги убијам сите жени - од мојата Ата почнувајќи...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)