Малата уста се развлекуваше како ластик, а очите, место да се стиснат во своите мускули, бабреа, се полнеа со солзи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Лилица изгледаше прибрано; тоа беше жена на возраст помлада од педесет години, со нагласена, дури невкусна диспропорција меѓу половината, силно стегната со свилен колан во розова боја, и широките колкови; жена со издолжено лице и мала уста, со костенливи, широко отворени очи од кои ѕиркаше прашален поглед и молба со неодложна потреба за објаснување на она што се случува во мигот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)