Агна ја нашла малата фотографија во еден од старите албуми и решила, за да ме израдува, од неа да порача да се ископира голем формат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе нагласи дека некои од македонските партизани носат на своите капи букви СНОФ наместо буквите ЕЛАС.326 Исто така на 14 март 1944 Едмондс ќе ја извести централата на СОЕ во Каиро дека “Гоце Делчев повторувам Гоце Делчев се смета за херој меѓу југословенските Македонци и многу од нив носат мали фотографии на нивните гради.“ 327
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Го отвори пликот. Меѓу прстите му се лизна една мала фотографија. Падна врз сеното. Ја крена со растреперени раце.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од мали фотографии или цртежи, со помош на координатна мрежа, правев големи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)